Летна академија МОФ

Двајца членови од клубовите на нашата организација Кире Мишев и Стефан Андонов присуствуваа на петтата по ред МОФ Летна академија што се одржа од 26-30 Август во Извидничкиот камп во Охрид. На академијата учество земаа околу 70-тина млади од 14-20 години од 14 градови од Р. Македонија. Темата на овогодинешната академија беше "Граѓански и политички права и слободи" која беше обработена преку тренинг сесии, работилници и изведби во областите комуникации, медиуми и различни уметности.










No comments:

Post a Comment