Од моја
перспектива
И јас бев некогаш како тебе, иако сега можеби ти е тешко да поверуваш во
тоа, но и јас некогаш бев во твојата кожа, се чувствував како светот дека е
премал за било што,единствено со себе ги поврзував големите дела на обичните
луѓе, верував во својата сопствена сила, некогаш и јас мислев дека никој не ме
разбира, дека подобро би било на друго место да си го најдам животот.Но,за
разлика од тебе јас чекав да отпочнам да го живеам животот долго време не
сфаќајќи дека животот ми минува во исчекување на своите соништа. За разлика од
мене, ти ќе знаеш да се смееш, јас не умеев. Умеев само да се затворам во
теснината на својата душа и да гледам длабоко, барајќи грешки и не увидувајќи
ги своите сопствени кои во тоа време воопшто и не наликуваа на грешки. А светот
околу мене се менуваше, се менував и јас, но единствено во себе и со себе, а не
со другите околу себе и сето тоа заради вербата во својата особеност.Сега
додека ја гледам својата особеност, со сигурност ти велам дека особеноста може
да излезе на површина единствено само ако умееш себе си да се убедиш во својата
припадност и да превземеш нешто во врска со тоа. Убедувањето кога ќе биде
направено на вистински начин, раѓа големи работи. Јас верував во убедувањето,
но тука застанав и почнав да пишувам. И повторно погрешив: пишував за себе и за
своите очи..испишав купови страници и ги гледав долго време. Така сега можа да
кажам дека моите животни томови никогаш нека да најдат место бидејќи сега, од
оваа перспектива не ми е ни важно дали е видат светлина. Разговорот со личност
многу позрела од мене ме доведе до тоа да размислам дека големите идеи се
раѓаат во време на криза; или ја подобруваат ситуацијата или ја влошуваат кризата.
Од друга страна, кризите се производ на претераноста, бидејќи умерениот начин
на справување со околностите никогаш неможе да предизвика криза бидејќи само по
себе подразбира баланс.Човек најмногу се троши кога оди против себе.Неможам со
сигурност да ти кажам дали и колку одиш против себе, неможам ни со сигурност да
знам, но внимавај. Немој да се доведеш себе си во ситуација кога еден ден се ќе
заврши и ќе кажеш: не вредеше!
Напишано од: Дејана Јорданова
Член на Клуб за пишување и публикации
No comments:
Post a Comment