Животот, задоволствата и
среќата
Денес сме овде, постоеме, живееме. Треба да бидеме благодарни што ние ја имаме таа привилегија да бидиме она што сме, да постоеме, да живееме. Секојдневно се среќаваме со различни препреки, случувања, прилики. Секојдневно се жалеме како нашиот живот е тежок и неможеме лесно да се соочиме со она што следи. Секојдневно размислуваме за проблемите кои ги имаме, за она што поминало, за она што следува. Правејќи го ова губеме скапоцено време, не сфаќајќи колку сме ние среќни и задоволни во овој момент, во сегашноста. Тагуваме по изгубените работи, по пропуштените шанси, по пропуштената љубов, но зошто?? Зошто постојано се враќаме во минатото? Размислуваме што би било утре, како би било понатаму, но зошто? Зошто непрекинато гледаме кон иднината? Губеме скапоцено време, губеме минути, секунди, пропуштаме прекрасни моменти, ја забораваме сегашноста поради мислите кон иднината и поради навраќањето кон минатото. Животот е како роса, кога доаѓа до ладна површина ја менува состојбата. Копнееме по среќа, не гледајќи дека среќата е на чекор до нас. Тажни сме затоа што вратата е затворена,а не приметуваме дека прозорецот е одамна отворен. Незадоволставата кои ги доживуваме во животот се наш избор. Сите копмнееме по нешто што го немаме, не сфаќајќи колку сме среќни со она што веќе го имаме. Сакаме да се вратат пропуштените и поминатите моменти од минатото, но зошто да не создадеме подобри моменти од тие? Сите се надеваме на подобро утре, но неможеме да продолжеме со утре ако денес не го направеме она што го сакаме. Животот е непредвидлив и незнаеме што се може да се случи, незнаеме каде ќе бидеме утре и како ќе биде. Не сме задоволни од она што го поседуваме, но зошто? Велиме дека секој ден, секој миг е нешто ново и навистина е така, секој момент е изненадување. Секојдневно учиме лекции, но суштината е колку ќе ја сфатиме лекцијата, лекцијата се повторува се додека не ја научеме. Кога ќе видеме како некој се смее и колку е тој некој среќен сфаќаме колку сме ние несреќни, но запомнете дека нашата среќа ја кроеме самите ние.
Задоволство ни претсавува додека гледаме како снегот паѓа, кога се е убаво и бело. Кога гледаме колку некој е среќен затоа што е со саканата личност, си велиме кога ние би биле вака, но зошто да не бидеме? Задоволство во животот не е да го имаме она што го сакаме, туку да знаеме како да го искористеме она што веќе го имаме. Насмевката е една крива линија која може да исправи многу работи. Велиме дека кога сме среќни се смееме, па тогаш треба да научеме почесто да се смееме. Задоволството и среќата на животот немаат таен рецепт кој треба да го пронајдеме, туку среќата и задоволството во животот треба да ги пронајдеме така што ќе уживаме во малите нешта кои веќе се наоѓаат до нас. Разочарувачки од нас луѓето тоа што ние го гледаме она што сакаме, а не она што всушност е. Мал број од луѓето се реални, поголемиот дел од нив се илузионисти. Во животот се среќаваме со пријатели, тоа се они кои не сакаат, оние кои се секогаш покрај нас, но се среќаваме и со непријатели. Тоа се оние кои не мразат и кои се гневни спрема нас, оние кои сакаат да ни наштетат. Кога некој од нив ќе не повреди сакаме да се одмаздиме, но тоа не е решението. Зошто да бидиме исти со нив, зошто да се изедначиме со нив, кога знаеме дека тие се полоши од нас? Не треба да бидиме како нив, туку да направеме тие да бидат како нас. Да ги научеме на нешто што тие сеуште не го научиле. Секогаш правете го она што го сакате, не размислувајќи за понатаму, затоа што ништо не е погрешно ако не прави среќни. Живејте го животот со полна пареа затоа што не знаеме што не чека утре. Не гледајте кон минатото, ниту кон иднината, живејте во сегашноста. Секоја пропуштена шанса, секој изминат миг е само уште една пропуштена среќа и уште една пропуштена насмевка. Не бидете гневни и не мразете никого, затоа се што се случува се случува со причина. Никогаш немојте да бидите како оние кои се полоши од вас. Секогаш бидете она што сте. Бидете реалисти и гледајте го задоволството и среќата на животот.
Напишано од: Зорица Капетанова
Член на Клуб за пишување и публикации
No comments:
Post a Comment