Памела Арсова, член на Клуб за публикации и пишување, сподели едно од своите дела напишано за Тоше Проески...
Нешто поралзлично, нешто од срце...
Беше меѓу нас тој гулаб
со ангелски глас.Секој пораз и победа ги делеше со нас сите,незнаејќи дека му
се избројани дните.Имаше мил поглед и насмевка блага,но не остави таа душа
драга.Излебди од нашите животи,од нашите срца и нашата душа,но тој глас секогаш
ќе се слуша.Не заслужи така да пропадне неговиот долгогодишен труд,кој го
загуби во овој живот луд.Не знаеше ништо лошо да стори,да рече,за него никој
ништо неможеше да пререче.Секогаш насмеан беше-среќата со нас ја
делеше.Многупати спомнуваше ,, ВЕ САКАМ СИТЕ !”,низ огромна бозбуда и среќа,а сега сите тие
спомени останаа длабоко подврзани во една вреќа.Сега само запали свеќа,и кажи
амин за големиот човек,за божјиот син.Со поглед горе,остави ги солзите тие сами
ќе се стркалаат на земјата доле.16 Октомври-Ден на жалоста.Заплачи човеку!Не
стегај се во душата своја така ќе биде поблага и болката твоја. Се беше
ненадејно така,не остави со голема мака.Ранети длабоко во срцата сме ние,но
сепак тој сега не гледа,а и слатко си спие.Ни остави огромна лузна од левата
страна,нема лек за таа болна рана.Понекогаш сакаме времето да се
врати...но,бадијала е се,треба едно да се сфати.Тој веќе не е меѓу нас,но живее
во нашите срца, засекогаш ќе остане како белег кој вечно ќе жари во нас.Со
секој спомен на тебе,се чувствува некоја
грутка во себе.Сега само со наведната глава,да се исправи човека,душата не ни
дава.Нежно,полека се стркалаа солзи на славата твоја,за ангелчето твое и горко
,,ЗАТРЕПЕРИ СРЦЕТО МОЕ”.
Напишано од: Памела Арсова
Член на Клубот за публикации и пишување
No comments:
Post a Comment