РОДОВА ЕДНАКВОСТ
Политиката на родова рамноправност и зајакнувањето на жените, преставува едно од
фундаменталните начела на демократијата и општествениот поредок. Родовата
рамноправност во Република Македонија, е загарантирана со Уставот од 1991 година и
како фундаментално човеково право претставува една од најважните цели и приоритети
за државата.
Работењето кон целта за постигнување на вистинска родова рамноправност и
справување со постојните нееднаквости многу често значи да се работи различно со
жените и мажите, и да се признае дека мажите и жените често имаат различни потреби и
приоритети, се соочуваат со различни пречки, имаат различни аспирации и придонесуваат
кон развојот на различни начини.
Во овој контекст, жените ќе издејствуваат рамноправност кога ќе можат да работат во
свое име, со силен глас за да обезбедат нивните гледишта да бидат слушнати и земени
предвид. Тоа значи, унапредување на вклученоста на жените како и на мажите во
консултациите и во донесувањето на одлуки на сите нивоа. Родова рамноправност
Родовата рамноправност значи праведност при постапувањето со мажите и со жените, во
согласност со нивните лични потреби, праведност особено во врска со правата,
придобивките, обврските и можностите. Родовата рамноправност е засегната со
унапредување на личната, социјалната, културната, политичката и економската
рамноправност за сите.

Родова еднаквост
Родовата еднаквост значи дека различните однесувања, аспирации, потреби на жените и
мажите се почитувани, земени предвид, вреднувани и подеднакво потпомогнати. Тоа
значи дека нивните права, одговорности и можности нема да зависат од тоа дали тие се
родени како машки или како женски. Таа е заснована на принципите на човековите права
и социјалната правда. Јасно е признато дека родовата еднаквост и зајакнувањето на
жените се суштински за упатување кон главната грижа на сиромаштијата и несигурноста и
за достигнување на одржлив развој со човекот како центар.
Еднакви можности за жените и за мажите
Отсуство на пречки за економско, политичко и социјално учество врз основа на полот.
Тоа значи промовирање на начелото за воведување на еднакво учество на жените и на
мажите во сите области од јавниот и од приватниот сектор, еднаков статус, еднаков
третман во остварувањето на сите права и во развојот на нивните индивидуални
потенцијали, преку кои тие придонесуваат во општествениот развој, и еднакви придобивки
од резултатите произлезени од тој развој.
Родова перспектива
Родова перспектива е гледиште кон родовите разлики во секоја дадена политичка
област/активност. Општо прифаќање на родовата перспектива во процесот на
проценување на импликациите на секое планирано дејство врз жените и врз мажите,
вклучувајќи го и законодавството, политиките или програмите во сите области и на сите
нивоа. Тоа е стратегија за прашањата и за искуствата на жените и на мажите во
настојувањето да станат интегрална димензија на дизајнирањето, спроведувањето,
следење и евалуацијата на политиките и програмите во сите политички, економски и
општествени сфери, така што жените и мажите ќе имаат еднакви придобивки и нема да се
продолжува со нееднаквоста. Крајна цел е да се постигне родова рамноправност.
Напишано од: Елена Петрова
Член на Клуб за Човекови Права и Клуб за пишување и публикации
No comments:
Post a Comment