За нашиот ангел!

За нашиот ангел!

....Повторно те барам НЕКАДЕ ВО НОЌТА. Те нема. ГО МОЛАМ НОЌВА НЕБОТО ДА МИ ТЕ ВРАТИ. Но, ќе успее ли? Ќе успее ли да ја стопи оваа ЛЕДЕНА душа? И упорно ГО ЛАЖАМ СЕКОЈ НОВ РЕФРЕН дека ништо од ова не се случува. Ама се случува. Да, да. И тоа е многу добра изведба. Ха, совршена е! И упорно го слушам тоа ПОБЕГНИ од оваа глупава ситуација, но не можам. Со самото појавување на оваа МЕСЕЧИНА во ноќта, нашиот СИН БОЖЈИ останува неоткриена ТАЈНА МОЈА. СКРШИ МЕ ангелу! Зошто ние постоиме кога најголемиот не е со нас? Зошто овие ИГРИ БЕЗ ГРАНИЦИ не бидат само еден многу лош спомен во нашите животи? – Но, не! Тие се болка, копнеж. Тие се нешто неверојатно истоштувачко, едни многу нефер игри! И упорно ме прашуваат СРЕЌНА ЛИ СИ ТИ? –Да, но не целосно. Нешто сепак фали за мојата среќа да биде целосна. Недостасуваш ти ангелу! Недостасува таа твојата СОБА ЗА ТАГА и тој РУСКИ РУЛЕТ! И кој ќе го испие сокот од твојата ЦРЕША? –Ајде нека ми објасни некој! Нека ме увери дека животот не е суров, нека ми го докаже тоа! А,ааа? Нема кој, нели? – Никој не може да ја пробие таа глупава, сурова тајна. Долго, предолго чувана. А, ти мој Тоше си единствената светла точка во моите мисли, единствената ИКОНА со прекрасен лик. АНГЕЛ СИ ТИ. Ангел наш. Ангел македонски! И можеби сум МАЛЕЧКА, но знам да сакам. Тебе неизмерно да те сакам и потсвесно да те барам. Да те барам во секоја твоја песна и еднаш, силно и со голема верба да речам: ГУШНИ МЕ! Секој ден УШТЕ ЕДНА СКАЛА.. Уште колку ли се? Уште колку од нив треба да накачам за да дојдам кај тебе?  Да ја почувствувам твојата топлина, нежност. ЕЕХ ДА СУМ ЗЛАТО, па да се најдам на твоите гради. Уште на тој кобен ден, пред пет години, сакав да тргнам ПО ТЕБЕ. Но, бев спречена... Често знаеше преку песна да речеш: ЈАС НЕ СУМ ВИНОВЕН. Го знаевме тоа. Ти, ангелу, за ништо не беше виновен! А, мирисот на тоа ПОЛСКО ЦВЕЌЕ? – Тој мирис не се заборава. Секое утро преку радиото не будеше и утрото го правеше прекрасно и возбудливо. Тоше, ако сега МЕ ПОГЛЕДНЕШ ВО ОЧИ ќе сфатиш колкава е мојата тага што ја притиска мојата душа и полека ја ранува. И ќе има ли ДЕН ЗА НАС, за сите нас, за да сфатиме дека не си веќе овде, а времето пребрзо минува? – Минува без тебе, без твои нови песни, без твоето секојдневно „ВЕ САКАМ СИТЕ“. И сакам се да е сон, да е ИЛУЗИЈА. Но, премногу барам, зарем не?


П.С. Мојата единствена молба е: БОЖЕ ЧУВАЈ ГО ОД ЗЛО!!!

Пишува Ристова Павлинка
Член на Клуб за Пишување и ПУБЛИКАЦИИ

No comments:

Post a Comment