Право на образование
Ситe луѓe сe eднaкви прeд зaкoнoт и нa ситe им припaѓa, бeз никaквa дискриминaциja, eднaквa зaштитa сo зaкoн.
Правото на образование не може да му се оспори никому. При извршувањето на своите активности преземени во областа на образованието и наставата, државата ќе го респектира правото на родителите да обезбедат образование и настава согласно на своите верски и филозофски убедувања.
Секое дете има право на основно образование. Се забранува дискриминација по основ на пол, раса, боја на кожата, национална, социјална, политичка, верска, имотна и општествена припадност во остварување на правата од основното воспитание и образование, утврдени со овој закон.
Целите на основното воспитание и образование се:
- стекнување општи и применливи знаења што се
потребни во секојдневниот живот или за натамошно
образование,
- хармоничен, интелектуален, емоционален и
социјален развој на учениците соодветно со нивните
способности,
- воспитување за меѓусебна толеранција, соработка,
почитување на различноста, основните човекови
слободи и права,
- развивање свест кај учениците за припадност на
Република Македонија и негување на сопствениот национален и културен идентитет;
nОбразование е процес на промена на
личноста во посакуваната насока со усвојување
на различни содржини во зависност од возраста
и потребите на поединци. Образованието
вклучува и воспитни, покрај образовните
содржини. Најзначајна образовна
институција од
образовно-воспитен карактер е училиштето. Со
развиток на системот за комуникација
образованието станува глобален процес каде е
тешко да се усмерува само во саканиот правец
nИако согласно на
законите образованието е задолжително, а институциите на државата се
обврзани
да ги спроведуваат законите и да бараат начини за подобрување на состојбите, фактите ни покажуваат дека не се сите деца во училиште. Голем процент ромски
деца не го
остваруваат правото на образование.
Стручното образование се остварува во средни
училишта кои се организираат како јавни
училишта и приватни училишта, во кои не се
дозволени дискриминации засновани на пол,
раса, боја на кожата, национално и социјално
потекло, политичко и верско уверување, имотна
и општествена положба.
No comments:
Post a Comment