Турнир во дебатирање_МОФ

Младински образовен форум - МоФ секоја година го организира Националниот Дебатен турнир за Почетници каде за прв пат средношколците кои ја поминуваат својата прва година во дебатирање, ќе имаат можност да дебатираат поделени во тимови. Целта на турнирот е после неколку месеци интензивни предавања за Карл Попер форматот, дебатерите практично да ги извежбаат своите ораторски способности, да дадат се
опфатна анализа на одредена тема вклучувајќи ги позитивните и негативните аргументи и да се запознаат со дебатери од различни градови во Македонија. 





Турнирот ќе се одржи на 14, 15 и 16 декември во Скопје.. На овој турнир ќе учествуваат и претставници од нашата организација Центар за Регионален Одржлив Развој - ЦРОР кој е дел од програмата на МОФ! Им посакуваме успех на нашите членови Николина Сечкова, Стефан Андонов и Филип Стојановски и секако добра дружба на турнирот :)







No comments:

Post a Comment