Веќе подолго време размислуваш за своето слободно време, за тоа што да правиш како да го искористиш рационално, не чекај пријави се и стани дел од петте различни клубови кои се дел од организацијата Центар за Регионален Одржлив Развој! Искористи го својот талент а во исто време и здобиј се со нови вештини! :)
1.
Дебатен
Клуб
Дебатата претставува оранизирана
и структуирана, аргументирана расправа
на една одредена тема. Дебатата ги подготвува младите на најразличните животни
ситуации, но најважно е тоа што им овозможува да ги изградат своите
индивидуални ставови базирани на факти и знаење, а не на предрасуди и
непознавање на работите.
Двата тима кои дебатираат во една дебата дебатираат по строго определени правила што ја разликува дебатата од една обична дискусија. Имено во една дебата зависно од форматот на кој се дебатира (линк до формати) постојат правила кои го ограничуваат времето на говорот, можноста за поставување на прашања и сл.
Кои се целите на Дебатната програма? Унапредување на образовниот процес во Република Македонија; Развој на: критичко размислување, критичко читање, логика, говорнички способности, тимска работа, истражување, организација и кохерентност на мислата; Зголемување на толеранција по однос на туѓите ставови и градење на свои за релевантни теми во животот на младите како и Развој на лидерски способности кај средношколците и нивна подготовка за активно учество во општествените случувања.

Доколку си заинтересиран за дебатирање, доколку
имаш свои ставови кои сакаш да ги искажеш и да бидат слушнати, доколку имаш
дарба за зборување и сакаш да го подобриш својот квалитет ова е вистинското
место за тебе! Преку овој клуб ќе ти биде овозможено место каде ќе научиш
различни формати за дебатирање, како да ги подобриш своите способности во
дебатирање, можност да дебатираш на Локално ниво, да учествуваш на дебати од
Светски и Национален Карактер и место каде што секое лето би присуствувал на
Летна Академија за Дебатери.-
2.
Клуб за
Човекови Права
Правата и слободите на
човекот и граѓанинот се основните критериуми што ја отсликуваат улогата на
човекот и граѓанинот во едно општество. Истовремено тие се најасниот показател
за карактерот на власта. Колку се понапредни тие, толку повеќе ја стеснуваат
можноста на власта (властодршците) за злоупотреби и арбитрарност кон правата и
слободите на човекот. Денес Република
Македонија, од 1997 година ја прифати
јурисдикцијата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Франција.Човековите
права се сметаат за прекршени во следниве неколку примери: Непризнавањето на
раса или етничка група; Ако жените не бидат
третирани како еднакви со мажите; Ако религиозни групи не бидат третирани како
еднакви со други; Осудувањето на смр; тАко човекот е продаден или
третиран како слуга; Гаснењето на водата при
неплаќање на таа сметка; Непостоење на безплатно школување; Казнувањето на личност без правилно судење; Немањето право на глас или политичка репрезентација.
Поведени од фактот дека е
ограничен просторот во кој младите можат да се изразат, креираме мултимедија клуб кој е отворена станица
за промоција на младинската, културната и креативната заедница. Овој клуб е алтернативен онлајн медиум кој
преку продукција на независни и објективни програмски содржини, водени токму од
млади автори, ќе се обиде да понуди квалитет, диверзитет и етичност во
младинското информирање, со цел да се развијат дискусии кои ќе бидат од корист
за младата генерација. Нашата целна публика се сите млади луѓе и сите граѓани
чиј интерес е да бидат информирани за статусот на младите во општеството и кои
сакаат негово подобрување.
4.
Клуб на
Пишување и Публикации
Во денешно време пишувањето на текстови, слободното
изразување на социјалните мрежи како и интервјуата од секаков виде се главните
алатки на општеството за подобрување на квалитетот на младите и нивното активно
вклучување во заедницата а воедно и пренесување на своите мислења кои ќе бидат
прочитани од самата средина во која живеиме и твориме.
5.
Креативен
Клуб
Се поголемата креативност направи голем дел на
млади луѓе да се истакнат насекаде давајќи свој придоенс со своите вештини.
Творењето преку разни цртежи, украсување на простор и разни предмети, претварањето
на старрите предмети во нови се дел од оваа работилница која дава поддршка на
младите да го искажат својот талент преку истите современи алатки.
No comments:
Post a Comment