„Art happening“

Во организација на „Центар за регионален одржлив развој“ на плоштадот во Неготино се одржа настан насловен како „Art happening“ на кој учествуваа млади лица од општината кои преку танцувачки кореографии, читање поезија и пеење ја прикажаа организацијата во која членуваат во едно сосема поинакво светло. Инаку, за време на хепениногот, младите неготински ученички кои се школуваат во ДСУЛУД „ Лазар Личеноски“ во Скопје ги покажаа своите вештини во сликање на огромно платно, со напомена дека целиот настан беше поттикант и менториран од страна на професорот Илија Спасовски-Чендо. Настанот беше организиран од страна на ликовната галерија „Арт-М“ и општина Неготино со финансиска поддршка од Министерството за култура на РМ, како и со логистичпка поддршка на младите лица-членови на Центарот за регионален развој-Неготино.





Целосната галерија со фотографии можете да ја погледнете овде

No comments:

Post a Comment