ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО ДЕНОВИ НА МЛАДИНСКО
ВМРЕЖУВАЊЕ ЗА ОСНОВАЊЕ ЛОКАЛНИ МЛАДИНСКИ СОВЕТИ во општина Неготино
Младински образовен форум и Центарот за Меѓукултурен дијалог, заедно со 12 иницијативни одбори за основање на локални младински совети ве повикуваат да земете учество на денови на младинско вмрежување во 12општини. Овие настани ќе се случуваат во 12те општини кои се дел од проектот Развој на локални младински политки и локално младинско учество во 12 општини, поддржан од Европската Унија, а кој има за цел вмрежување на младинските организации во општина Центар, Чаир, Велес, Тетово, Струга, Битола, Кичево, Дебар, Делчево, Кратово, Неготино и Липково, а води кон нивна поголема соработка и поставување на основите за основање на локалните младински совети во овие општнини.
Настаните ќе иницираат процес на креирање младински совет, како највисоко претставничко тело на младите во нивните општнини и нивна платформа за носење одлуки и граѓански активизам. Деновите на вмрежување се резултат на процесот започнат од група на млади и младински активисти кои во минатите месеци иницираа, организираа настани и кампањи за потребата од младинско организирање, дел од овој проект.
Гвната цел на настанот е охрабрување и вмрежување на невладините младински организации на локално ниво за развој на инклузивна и претставничка структура/платформа на младински организации и младински структури.
Агендата на деновите за вмрежување ќе вклучува сесии за дефинирање на структурата, мисијата, визијата и документите потребни за основање на младинските совети. Настаните во 12 општини ќе се одржат на дополнително утврдени дати и локации во втората половина на декември.
Можност за учество на настанот имаат младински организации, неформални младински групи, средношколски и студентски претставници, претставници на политички подмладоци и други. Секоја организација може да номинира по еден претставник за учество на овој настан, а пријавувањето е со номинација на претставник на следнава адреса policy@mof.org.mk.
Номинациите треба да пристигнат најдоцна до 20 Декември.
Ги охрабруваме сите заинтересирани да се пријават што е можно поскоро пред истекувањето
на рокот, за да се олесни процесот на сортирање на апликации и избор на учесници.
Настанот во општина Неготино ќе се одржи на 22 и 23 Декември.
Проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“ е насочен кон младите луѓе, младинските организации и сите форми на младинско здружување и локалната самоуправа. Главната цел на проектот е да се зајакнат капацитетите на младинското здружување на локално ниво, нивно формално препознавање од страна на општините, како и заедничка работа за унапредување на младинските политики на локално ниво, преку развој на младински активизам, младинска работа и младинско учество во процесите на донесување на одлуки. Про работка со локалните самоуправи, локални акции и јавен процес на основање Локални младински совети, со поддршка од локалната самоуправа во 12 општини, а е финансиран од Европска Унија (ИПА програма – Civil Society Facility).
Проектот е финансиран од Европската Унија
Проектот го имплементира Младински образовен форум во партнерство со Центар за интеркултурен дијалог
Развој на локални младински политики
и локално младинско учество во 12 општини
No comments:
Post a Comment