Олгица Мирчева пишува за своето искуство на Giffoni фестивалот во Скопје

Олгица Мирчева пишува за своето искуство на Giffoni фестивалот во Скопје

(за повеќе детали посетете ја страната на Giffoni фестивалот http://giffoni.mk/)


Навистина незнам од каде да почнам, поминав речиси една недела во Скопје а толку многу има да се каже. Секако нема да одолговлекувам, ќе го спомнам само онаа најважното. Јас и уште 3 девојки од ЦРОР учествувавме на филмски фестивал наречен Џифони предводени од нашиот лидер која е воедно и ЕВС во нашата организација Центар за Регионален Одржлив Развој Илариа Марангон од Италија. 




Од Неготино тргнавме точно во 17:15 часот. Додека патувавме гледав низ прозорецот и ги наблјудував дрвјата и зеленилото веќе видени многу пати. До Скопје патувам барем еднаш во месецот, но овој пат беше поразлично, имаше некое чувство во мене дека тоа не е само обично патување. Нешто во мене ми велеше дека пред мене е едно големо искуство.


Кога пристигнавме не чекаше формалниот начин на поздравување со сите и запознавање со фамилиите кај кои ќе престојуваме цела недела. Вечерта ни приредоа забава за добредојде. Малку ми беше се ново и нејасно па полека носталгијата ме обземаше. Првата ноќ мислев дека нема да издржам, помислував на Неготино и моите другари таму, но утредента се беше поинаку. Се запознавме со многу нови лица од различни земји. Многу култури собрани во Скопје, сите заедно се дружат, разменуваат мислења.



Многу филмови беа изгледани, целите на работилниците беа остварени и целиот наш труд беше презентиран на затварањето во кино Милениум.
Учеството на овој филмски фестивал за мене беше едно големо искуство за понатаму во живтот. Научив многу со одржаните работилници, но исто така научив дека еден фил не мора да биде “холивудски“ или од познат режисер за да биде убав.


Фотографиите се превземени од https://www.facebook.com/GiffoniMacedonia
Напишано од Олгица Мирчева

No comments:

Post a Comment