Граѓанину, исправи се, проговори! - Памела Арсова

Граѓанину, исправи се, проговори! - Памела Арсова


               Заштита на човековите права

Овде човекот пропаѓа. Така му гори душата,овде му се рушат соништата. Но зошто да е така?

Да е светот мал би те згазил секој,светот е голем и пак те сопнува некој. Се движиш безнадежно, се лулаш во бункерот на забуната. Не секој човек знае се, секој човек мисли дека знае се. Самокритиката е бисер на проодувањето,потоа секој самостоен, независен чекор е ланец на самодовербата. Заштити ја секоја своја до последна стапка и продолжи да растеш изнатрупан со идеи и ставови,едноставно…брани ги своите права.

Длабоко во себе ги носи своите права, ги чува онака безбедно, да пукне во вистинскиот миг. Но колку ќе биде дозволено од сите оние што го опкружуваат, оние што го подржуваат, оние умните кои ”секогаш знаат се”…никој ништо не ти гарантира!Секој има право на глас, секој има право на слободено подаден чекор. Ниедна критика дофрлена кон тебе неможе да го откова твојот став. Твојот стил неможе да го измени ничиј поглед. На пример расизмот расте во телото на душманите. Ако една темна насмевка знае да го развесели денот, тогаш не се ништо помалку белите образи кога би зацрвенеле од срам. Бојата на кожата е само симбол колку не има, колку се разликуваме едни од други.

Едноставно, колку е светот разнобоен, и колку различни врати поседува. Но ретко кој го забележува тоа, уште поретко кој го цени тоа. Ако самиот не се држиш до она дека ти самиот си лидер за твоите права, дека сите твои постапки се исправни што те прават среќен, не би застанал никој пред тебе и да се обиде да ти го извалка лицето. Не секој може да се пронајде како самостојна индивидуа во овој свет, па затоа се обидува да ја расоткрие втората личност во себе, или да го сподели она одвнатре со  некого. Понекогаш не размислуваме дека ние самите не сме најсилното нешто што постои, дека не е се скапоцено што ке допреме, дека неможиме во се сами да се снајдеме.

Па затоа тука се нашите права, кои сепак се ценети, разбрани од некого. Сепак постои некој кој знае да  ти помогне во животот, да те разбуди и покаже колку вредиш, дека се исплаќа да се бориш. Ако се затвориш во себе и препуштиш се на општеството, ќе се уништиш самиот како однадвор така и одвнатре. Кога не треба и кога е касно, ќе сватиш  колку е убав животот, колку е убаво да продолжиш да чекориш по ова парче земја, бидејќи неможе секого. Си имал среќа да дојдеш на овој чуден свет, да запознаеш многу нешта кои ќе те растажат и насмеат, но не вреди да си го злоупотребиш она пруженото. Можеби ќе посакаш животот да ти даде втора шанса за да видиш колку вреди и што се можеш сам да направиш.Да постапиш онака доволно правилно и чесно за да бидеш горд на самиот себе.

Најпрво тргни од она дека секој има право на живот. Никој не е должен да ти ја скрати таа среќа. Понекогаш правата на човекот се кршат, иако се заштитени со закон. Денес законот е само мамка за држење на некој правец. Не се умира кога ќе ти ја пролеат крвта, се умира кога ќе ти ја скратат надежта. Кој ја сака розата, се навикнува на нејзиниот трн. Затоа понекогаш и ние треба да се прилагодиме на нечии права, но да ги задржиме нашите и да продолжиме да се бориме.Треба да останеме вечни победници на самите себе, да ги изнесеме нашите права и секогаш да мечуваме со нашите ставови.Затоа што нема заборав, нашето постоење е нашиот незаборав.

Не дозволувај да се исмејава некој на твоја сметка, да те затрупува со своите дела. Не би бил ни скала пред сите ако се движиш со насолзени очи и тагата ја потискаш во себе. Ни самиот кога би застанал пред огледао не би ја препознал таа повлечена и затворена особа... Овде човекот пропаѓа.Така му гори душата,овде му се рушат соништата. Но зошто да е така? Дај човеку застани гордо и мирно пред цел народ! Скрати му ги колената да се најдат под тебе…Но не со насилство,не со измачување. Зборот е  моќта на муницијата. Говорот е лидер на душата. Гестот е мелем на снаодливоста. Руши се пред себе и предај го твоето дело. Истакни ги своите вредности,покажи му на народот дека ти си светлината во мракот, дека токму ти си она што им треба на нив.

Сите сме дел од едно шарено општество, сите гледаме што подобро да обоиме, што подобро да живееме. Некој се бори за главна тема на озборување, некој се бори за корка леб. Токму овде лежи оној контраској ретко може да се разбере. Човекот твори за да живее, тој живее токму за да твори. Маската на човека лесно се воочува, но тешко се разоткрива. Правата на човекот се основните критериуми, што го возвишуваат човекот како вреднувана особа.

Памела Арсова, член на Клуб за пишување и публикации дел од ЦРОР


Авторката е студентка














Програмата „Млади промотори на слобода на изразување“ ги поттикнува младите луѓе преку есеи, мултимедијални продукти и кампањи што сами ги осмислуваат да бидат активни граѓани кои се борат за слободата на изразување, а против говорот на омраза, стереотипизирањето и етикетирањето. Авторите на есеите, мултуимедијалните продукти и на кампањите се средношколци и студенти кои штотуку стапнуваат на јавната општествена сцена и бараат слободен простор за себе и за своите ставови. Повеќе информации за активностите во проектот може да добиете тука(http://www.mof.mk/izrazise/).
Проектот „Млади промотори на слободата на изразување“, финансиран од Европската Унија, преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР), го реализираат НВО Инфоцентарот и Младинскиот образовен форум. Содржината на текстовите е единствена одговорност на НВО Инфоцентарот и Младинскиот образовен форум и на никаков начин не ги рефлектира гледиштата на Европската Унија.


No comments:

Post a Comment