Песна за љубовта... - Павлинка Ристова



Песна за љубовта...

Љубовта велат, е чудесна светлина.
Влегува низ мрачни ходници,
застанува на веќе изодени улици,
преминува мостови и мостови...
Навлегува длабоко во суштината на едно битие,
нетрпеливо игра со секој момент,
создава авантури онаму каде што ги нема.
Поттикнува восхит и убавина,
внесува занес и љубомора,
плови низ реки од солзи,
ужива на песочни плажи,
подава рака и силно те повлекува кон неа.
Ги преточува недокажаните зборови во тишина,
разделбата ја прави да остане вечен спомен во едно сеќавање,
ја насликува свежината на едно младо лице,
измамува насмевка со секој поглед.
Кавгата ја претвора во неизмерен излив на чувства.
Но, најтажно од се, е тоа што,
доаѓа миг кога заминува некаде како никогаш и да не постоела!

                                                                                                               

Напишано: Павлинка Ристова
член на Клуб за пишување и публикации

No comments:

Post a Comment