Слобода на изразување - Памела Арсова


        Слобода на изразување



Сите ние сме дел од едно разбранувано општество.Чекориме како да лебдиме,еднставно нешто како приморана искра.Се наоѓаме во безсознание,незнаејќи врз што можеме да се потпреме.Сите сме втурнати во овој свет,како во јама заробени,каде достижната точка демнее во твоите способности.Дали ќе можеш, и на кој начин ќе се извлечеш од провалијата,која те одвзема од пети.На кој начин ќе го запознаеш светот,како ќе почнеш да чекориш,но онака самоуверено.Никој неможе да ти ја пресече лентата,за која твориш со години.Никој неможе да ти ја скрати шансата за среќа,ниту некој да ти го задржи здивот.Неможе никој да ја затрупа човечката душа.Таа ќе биде испеана,било пишана или низ усни разлеана.Секој има право на говор, да застане гордо со свој личен став каде ќе се докаже како личност,која може секому без страв да изговори :,,Сега е мој ред”!Слушај го срцето,води се со здрав разум,имај доверба во самиот себе,владеј со упосност,гори од надеж,нормално и да те прати среќа во животот.Некои луѓе господарат со маска,додека круната жари во дланките на едни невини,потушнати лица.Би владееле привремено,но не би можеле сами да се докажат во тоа што го имаат достигнато.Упорноста е триумф на победата.



Пишува: Памела Арсова
Член на Клуб за пишување и публикации


No comments:

Post a Comment