Регрутација на нови членови за учебната 2013/2014 година

Регрутација на нови членови за учебната 2013/2014 година

Денес, 26/09/2013 година (четврток) се одржа информативна средба на членови од организацијата Центар за Регионален Одржлив Развој и учениците од СОУ Кирил и Методиј од Неготино каде беа презентирани бенефитите од неформалното образование, реализираните проекти на оваа организација како и сите настани и клубови кои се дел од истата.
Оваа учебна година ќе стартува со два КЛУБА од кои едниот е Дебатен Клуб а другиот Медиа арт клуб (комбинација од трите постоечки клуба: Мултимедија, Креативен и Клуб за пишување и публикации) поддржани од Младински образовен форум МОФ и клуб за човекови права.

Регрутацијата се одвиваше во најдобро светло и сите заинтересирани ученици имаа простор за прашања кои следуваа по презентацијата од нашите членови и воедно објаснување за како да се стане дел од нашата организација.

Доколку сеуште не сте го сториле тоа а сакате да ни се приклучите можете да ја пополните оваа Лична Карта: https://docs.google.com/forms/d/1f5TMGQhEGZzRTym7pUV7qHtFUlxhzTTLIoJW_SDx5JI/edit


Следете не на нашата ФБ страна и останете во тек со настаните: https://www.facebook.com/pages/Centre-for-Regional-Sustainable-Development-CRSD/146703778768161

А во прилог фотографии од денешниот ден! :)

















































































































Фотографиите се направени од: Сандра Бошкова

No comments:

Post a Comment