Соработка на училиштето "Св. Кирил и Методиј" - Неготино со НВО

Соработка на училиштето "Св. Кирил и Методиј" - Неготино со НВО

            Нашето училиште како што соработува со сите државни и јавни институции во Општината, но и во државата исто така соработува и со голем број на граѓански и невладини организации во Општина Неготино и Република Македонија.
            Може да се издвои соработката со следниве организации:

1.      Центар за Регионален и Одржлив Развој

ЦРОР заедно со неговите Клубови (Клуб за Човекови Права, Дебатен Клуб, Мултимедија Клуб, Клуб за пишување и Публикации и Креативен Клуб) претставува граѓанска организација во Општина Неготино која што дејствува веќе многу години, и исто така соработува со нашето училиште во голем број на активности. Голем број од нашите полнолетни ученици, оваа година и претходните, учествуваа во голем број на младински размени координирани од страна на ЦРОР во Босна и Херцеговина, Словенија, Романија, Германија, Полска и др. Исто така во оваа организација, поточно во нејзините Младински клубови, учествуваат повеќе од 100 учениците од сите години. Како дел од програмите  кои се водени од страна  на Младинскиот Образовен Форум, учество земаат голем број на ученици од оваа гиманзија. Нашите учениците Николина Сечкова, Филип Стојановски и Стефан Андонов учествуваа на Националниот Дебатен Турнир на македонски јазик за почетници на кои го освоија високото шестто место во конкуренција од 50 дебатни тимови од цела Македонија. Исто така ученици од трета година (Марија Јаневска,Величе Цветкова, Анжелика Серафимовска, Ќире Мишев, Биљана Трајкова и Сандра Мојсова) учествуваа на Регионалните квалификации на Националното Дебатно Првенство (на англиски јазик). Во месец декември, претходната година, беше организиран 3дневен настан од страна на оваа организација во соработка со МОФ со мото: "Направи чекор, сознај ги своите права!" кој што беше составен од флешмоб, дводневен дебатен турнир со учениците од училиштето и на крајот трибина на која присуствуваа голем број од професорите во нашето училиште

2.      Младинскиот Образовен Форум.

Младинскиот Образовен Форум преставува организација на територијата на Република Македонија која има свои 14 регионален центри, од кои еден е во нашиот град односно Центарот за регионален и одржлив развој. Оваа огранизијата спроведува голем број на обуки и настани и има свои програми за Дебата, Учиме Право, Локална Младинска Иницијатива, Неформално образование, Арт и медија и сл. Исто така спроведува и голем број на национални истражувања во врска со високото и средното образование во нашата Република. Едно од нив е и истражување за средношколското организирање на средните училишта во Македонија, во кое беше вклучено и нашето училиште во соработка и со организацијата ЦРОР. Беа спроведувани и голем број на работилници со претседателите на класевите за оваа тема средношколско огранизирање а како резултат ќе произлезе годишна програма за дејствување на младите од оваа гимназија.

.

3.      Здружение на граѓани „Ековита“ – Неготино
Оваа година нашето училиште започна и со својата соработка со невладината организација во Општина Неготино – Ековита, која што се залага за почисто Неготино и помага при било кој натпревар во подрачјето на биологија и екологијата, како што е Државниот натпревар за млади научници, или попознат како Државен натпревар – Народна Техника. На овој натпревар учествуваа 4 ученици од нашето училиште. Под менторство на проф. Стевчо Шарац учествуваа Казиев Ристе и Андонов Стефан, додека под менторство на проф. Велика Пушкинова учествуваа Ѓорѓи Јованов и Раде Коцев. Нашите ученици се вратија со две освоени награди и тоа Раде Коцев – I награда и Стефан Андонов – III награда. Исто така, нашиот ученик Раде Коцев се закити со уште една прва награда на Државниот натпревар за електротехнички, машински и сообраќјајни струки со својот проект за изработка на РАМ-пумпа под менторство на проф. Велика Пушкинова и со помош на Ековита.


Пишува: Стефан Андонов
Член на   Дебатен клуб и   Клуб за човекови права

No comments:

Post a Comment