Нешто многу поразлично

            Се повеќе навлегуваше во скриените делови на таа станица. Станица на која досега поминале многу автобуси полни со надеж, но само еден останал во спомените на нејзиното срце. Тоа е автобусот на љубовта во кој таа го знаеше посебното место на кое требаше да седне и да заплови низ фантазијата која ја усреќуваше. Потона во крајностите на две души, сплотени во една и полека се издигнуваше над своите чувства. Мирисот на ноќта и светлината на ѕвездите беше слика на една прекрасна убавина испреплетена со конците на љубовта. Платно со кое секој би сакал да се покрие и да го рашири сонот на убавите моменти, вредни за паметење. Како да се направи вистинскиот мозаик на љубовта? Кои делчиња фалат за да се добие вистинска слика? – Можеби доверба, надеж и голема сила!? Ако ова беше потребно, таа веќе и го имаше. Но, беше премногу рано за да се каже, да се долови поинаква свежина и да се биде дел од најголемата уметност, љубовта.  Таа беше сопственик на своето срце и го држеше во своите раце. Не смееше да се сруши темелот врз кој лежеше и уживаше целата нејзина среќа и радост. Понекогаш понесена од здивот на ветрот, не веруваше во незаменливата убавина, во грациозноста на љубовта. Или сепак беше премногу убаво за да се верува дека постои таа незаменливост и дека нема да заврши во миг кога ќе и биде најпотребна. Но за неа, беше доволно само да еруптира вулканот на вербата и од неговата лава да се разлеат сите чувства кои се дел од нејзиното тело. Тогаш можеше да продолжи. Та никогаш пораноне можеше да сфати зашто е толку важна една испуштена воздишка, испреплетена со многу чувства  и длабока верба. Но копнежот кој живеееше вонего ја разбуди надежта во внатрешноста на две срца. И тогаш се назначи почетокот на нешто убаво, спонтано и досега непочувствувано. Што носеше со себе? – Огромна среќа, пружена поддршка и насмевка населена на две лица. И двајцата веруваа во едно исто. Да, веруваа во љубов. Љубов која своето место го пронајде меѓу два живота кои несвесно решија да се спојат во едно нешто, вредно да се има, неуморно да се полева и да израсне плодот на светла иднина обвиена во прегратките на раната младост. Кога една душа се вивнува во облаците, добива значајна големина. Но, тие двајца ја замислија големината на две души, споени во една. И излезе слика, насликана од двајца, непрофесионални уметници кои користејќи ги боите на среќата и многубројните чувства, направија креативно ремек – дело. Што е најпотребно за да се зачува тоа ремек – дело? – Сила, храброст и длабока верба. Креативност со која постојано ќе се обновува, ќе добие поинаков одраз на кој сите ќе му се восхитуваат. Тие двајца беа подготвени да дадат се од себе и да го добијат она што го заслужуваат. Беа подготвени да дадат придонес во единствениот синџир кој ги спојува нивните срца. Со заедничка желба која полека излегуваше од пламените јазици кои гореа во нивните очи, тие го поставиија темелот на нивно заедничко постоење и длабоко во себе решија дека ќе сторат се што е во нивна моќ за нивната љубов да успее...


Пишува Ристова Павлинка
Член на Клуб за Пишување и ПУБЛИКАЦИИ


No comments:

Post a Comment