Портфолио за Центар за Регионален Одржлив Развој:

- Мото на организацијата:


Здружението на граѓани, Центар за Регионален Одржлив Развој (ЦРОР) е невладина организација, основана од слободна волја на претставници од невладин сектор. Центарот за регионален и одржлив развој работи на стимулација и поддршка на регионалниот развој во Тиквешкиот регион во согласност со ЕУ интегративниот процес на Република Македонија, преку имплементација на програми за промоција и развој на граѓанскиот сектор. 

Стратешки цели на ЦРОР се: 
- промоција и јакнење на граѓанскиот сектор;
- поддршка на регионалниот, социјалниот и еконмскиот развој; 
-поддршка во процесот на градење на цврсти и одржливи партнерства; 
-промоција на ЕУ интегративниот процес на регионално ниво;

 Преку алатките за неформално образование ЦРОР организира голем дел на работилници, дебати, тренинг курсеви, семинари и различни активности за приближување на младите до програмите на Европска Комисија а воедно и нивно активно вклучување во граѓанскиот сектор. 


 Благодарение на алатките како: доживотно учење, неформално образование, интеркултурен дијалог, размени и вмрежувања, нашата организација се стреми кон развивање на активно граѓанство и програми во европски контекст, особено во полето на Младите, Еднакви можности, Социјална Вклученост, Човекови Права и Родова Еднаквост.

- Активности: 


Членовите на ЦРОР земаа учество на различни младински размени, семинари и тренинг курсеви во различни држави. Во склоп на организацијата работи и Дебатен клуб во кој младите земаат своја младинска иницијатива и преку голем број на активности допринесуваат за подобра реализација на неформалното образование а воедно и проширување на знаењето и стекнато искуство воедно преку размена на знаењето и учење од другите.

Организацијата исто така има акредитација за Европски Волонтерски Сервис програма, која е дел од Европска Комисија и е наменета за младите кои преку неа имаат возможност да посетат друга земја, да се стекнат со дополнителни вештини, знаења и воедно нов јазик. Организацијата исто така соработува со Италјански организации а во моментот имплементира и проект Волонтерска Платформа заедно со Организации од Бугарија (Попово и Софија), кој вклучува млади луѓе.

No comments:

Post a Comment