1.Дебатен Клуб

Двата тима кои дебатираат во една дебата дебатираат по строго определени правила што ја разликува дебатата од една обична дискусија. Имено во една дебата зависно од форматот на кој се дебатира (линк до формати) постојат правила кои го ограничуваат времето на говорот, можноста за поставување на прашања и сл.
Кои се целите на Дебатната програма? Унапредувањена образовниот процес во Република Македонија; Развој на:критичко размислување, критичко читање, логика, говорнички способности, тимска работа, истражување, организација и кохерентност на мислата; Зголемување на толеранција по однос на туѓите ставови и градење на свои за релевантни теми во животот на младите како и Развој на лидерски способности кај средношколците и нивна подготовка за активно учество во општествените случувања.
Доколку си заинтересиран за дебатирање, доколку имаш свои ставови кои сакаш да ги искажеш и да бидат слушнати, доколку имаш дарба за зборување и сакаш да го подобриш својот квалитет ова е вистинското место за тебе! Преку овој клуб ќе ти биде овозможено место каде ќе научиш различни формати за дебатирање, како да ги подобриш своите способности во дебатирање, можност да дебатираш на Локално ниво, да учествуваш на дебати од Светски и Национален Карактер и место каде што секое лето би присуствувал на Летна Академија за Дебатери.-

Доколку имаш идеи за превземање на иницијативи, доколку веруваш во себе и сакаш да помагаш на другите, доколку имаш и знаеш способности за стварање на промени на Локално, Интернационално и Национално ниво ова е вистинското место за тебе! Преку овој клуб ќе имаш можности да работиш на различни теми повразни со Човековите Права, можности да ги споделиш овие способности и знаење со млади луѓе од целиот свет и место преку кое ќе им помогнеш на многу луѓе на кои им треба таа помош. Младинските размени се дел од овој клуб кои ќе ти овозможат проекти во Европа за размена на искуства и најдобри практики.
Поведени од фактот дека е ограничен просторот во кој младите можат да се изразат, креираме мултимедија клуб кој е отворена станица за промоција на младинската, културната и креативната заедница. Овој клуб е алтернативен онлајн медиум кој преку продукција на независни и објективни програмски содржини, водени токму од млади автори, ќе се обиде да понуди квалитет, диверзитет и етичност во младинското информирање, со цел да се развијат дискусии кои ќе бидат од корист за младата генерација. Нашата целна публика се сите млади луѓе и сите граѓани чиј интерес е да бидат информирани за статусот на младите во општеството и кои сакаат негово подобрување.
Доколку имаш способности за сликање, снимање, правење на креативни фотографии, изработка на видеа или било каков талент или желба за наведените работи тогаш клубот за Мултимедија е вистинското место за тебе! Овој клуб ќе работи на изработка на секаков вид на фотографии, видеа како и нинва преработка служејќи се со секакви методи и програми за што поуспешна реализација на истите. Заедно со Клубот на пишување и публикации ќе работат во изработката и update на досегашниот блог и facebook страна на самата организација. Сите семинари, тренинг курсеви и обуки во Македонија и Европа се на располагање на членовите на овој клуб за што подобри резултати и стекнување на нови искуства.

Доколку имаш способности з апишување, имаш желба за изразување и воедно мотивација да направиш измени на локално и национално ниво ова е идеалниот клуб за тебе! Пријави се и стани член на овој клуб во кој ќе имаш можности да пишуваш на теми повразни со младите, волонтерството, родова еднаквост, активно граѓанство, итн. Можноста за претставување и изразување на различни ставови како и воедно за правење на интервју со личности кои се за почит и направиле измени се исто така дел од овој клуб. . Заедно со Мултимедија Клуби ќе работат во изработката и update на досегашниот блог и facebook страна на самата организација Сите обуки и семинари на Европско ниво поврзани со оваа дејност се на располагање на членовите на овој клуб за натамошно подобрување на стилот на пишување како и стекнување на нови вештини.
Креативен Клуб

Доколку имаш талент и сакаш да твориш, да црташ да менуваш нешта тогаш без сомнение припаѓаш на овој клуб. Ова е место каде е дозволено се, каде невозможното станува возможно, место каде од едноставни работи се прават нови и интересни нешта, место каде можеш да ја искажеш целата своја креативност и талент. Во склоп за подобрување како и размена на досегашните способности и таленти се предвидени семинари и проекти во Европа за творење и цртање.
No comments:
Post a Comment